Прејди на содржината

Главна страница

Од Википедија — слободната енциклопедија
слободната енциклопедија

Eнциклопедија што може секој да ја уредува. Моментално има вкупно 165.228 статии на македонски јазик и 348 активни уредници!
Напишете нова статија!

Избрана статија

Александар Ончев Мартулков, познат по псевдонимот Бизмарк — македонски револуционер и политичар. Меѓу првите пропагатори на социјализмот во Македонија. Деец на Македонската револуционерна организација и учесник во Илинденското востание. Член и раководител на ВМРО (Обединета) во 1930-тите.

Роден во сиромашно работничко семејство, стекнал више образование во Скопското педагошко училиште. Во 1894 година се приклучил во социјалистичкото движење со поттик од Васил Главинов. Како член на Македонската социјалистичка група, учествувал во првото празнување на ден на трудот во Бугарија. Во 1900-тите соработувал со Велешкиот револуционерен реон и Иван Аљабакот. Во 1906 година се преселил во Софија каде се приклучил во Бугарската комунистичка партија. Учествувал во политичкото управување на Македонија по Младотурската револуција.

За време на Првата светска војна, го основал Комитетот на дезертери каде префрлил македонски борци од српската војска во Царството Бугарија. Во текот на војната бил секретар на Општина Оморани и подоцна чиновник во Косово и Метохија. По војната се приклучил во Емигрантскиот комунистички сојуз и Велешкото благотворително братство „Рајко Жинзифов“. Во 1931 година бил одбран за пратеник во народното собрание на Бугарија, заедно со Христо Трајков. Во 1932 година почнал со издавањето на весникот „Македонско знаме“, следната година доживеал неуспешен обид на атентат од Михајловистите. На 8 јули 1936 година, го осудиле Мартуков заедно со останатите членови на ЦК на ВМРО (Обединета).

Учествувал во Народноослободителната борба. Во 1944 година се приклучил во Президиумот на АСНОМ и подоцна во народното собрание на НР Македонија. Помогнал со спроведување на Илинденската пензија и подоцна доделување на Илинденската споменица. Во 1954 година ги објавил неговите спомени насловени „Моето учество во револуционерните борби на Македонија“. Во текот на 1960-тите, Лазар Колишевски го изолирал Мартулков од секојдневните политички функции. Незадоволен со режимот, се преселил во Народна Република Бугарија каде починал. (Дознајте повеќе...)

На денешен ден...

Денес е 9 октомври 2026 година и издвоени настанати од времепловот се:

Настани:

1000  Лејф Ериксон го основа Винланд и станува првиот Европеец во Северна Америка.
1595  Шпанската армија го зазема Камбраи.
1604  Супернова 1604, најскорешната супернова забележана во Млечниот Пат.
1876  Британскиот физичар, пронаоѓач на телефонот и учител на говорот на глувонемите Александар Греам Бел (1847-1922), кој подолго време живееше во САД, ја воспостави првата меѓународна телефонска врска меѓу Бостон и Кембриџ.
1967  Во Собранието на СР Македонија, под претседателство на д-р Милан Бартош, е одржана седница на Матичната комисија за формирање на Македонската академија на науките и уметностите, на која е извршено конституирање на МАНУ.
1975  На советскиот физичар Андреј Сахаров му е доделена Нобеловата награда за мир поради неговите „бестрашни напори за мир во светот и правдата за сите во светот“, се вели во образложението на Норвешкиот комитет за Нобеловата награда.
1995  Собранието на Република Македонија ја ратификува Привремената согласност меѓу Македонија и Грција.

Родени:

1547  Мигел де Сервантес — шпански писател, автор на романот „Дон Кихот“.
1608  Џон Милтон — англиски поет.
1757  Шарл X — крал на Франција.
1893  Марио де Андраде — бразилски писател.
1899  Хенри Сајмонс — американски економист.
1894  Владимир Мошин — проучувач на македонската средновековна уметност и култура.
1903  Карел Стекли — чехословачки режисер.
1907  Жак Тати — француски филмски глумец и режисер.
1920  Јусеф Латиф — американски џез-музичар.
1921  Тадеуш Ружевич — полски писател.
1938  Хајнц Фишер — австриски политичар.
1944  Абдулах Сидран — босански писател и сценарист.
1944  Нона Хендрикс — американска поп-пејачка.
1948  Џексон Браун — американски музичар.
1955  Стив Овет — британски атлетичар.
1958  Срѓан Шапер — српски и југословенски рок-музичар, член на групата Идоли.
1962  Хорхе Буручага — аргентински фудбалер.
1967  Георге Попеску — романски фудбалер.
1971  Евгениј Наместников — руски хокеар.
1973  Тери Балсамо — американски гитарист.
1990  Кевин Кампл — германско-словенечки фудбалер.

Починале:

1047  Климент II — римски папа.
1569  Владимир Андреевич — руски кнез
1841  Карл Фридрих Шинкел — германски архитект, урбанист и сликар.
1924  Валериј Брјусов — руски писател.
1934  Александар I — Крал на Југославија (убиен).
1956  Мари Доро — американска глумица.
1999  Милт Џексон — американски џез-музичар.
2010  Морис Але — француски економист, добитник на Нобеловата награда.
2014  Борис Бузанчиќ — хрватски и југословенски глумец.
2016  Анджеј Вајда — полски режисер.
2016  Арон Прајор — американски боксер.
Издвоен цитат
„

„Младите имаат многу радости и многу таги, бидејќи се имаат само себе си за кого да мислат, па така секоја желва и секоја помисла добива важност. Секое задоволство е почуствувано во целост, но исто така и секоја тага, и многу кои не можат да ги исполнат своите желби, веднаш ставаат крај на својот живот.“
— „Гертруда“, Херман Хесе, 1910 год.

“
Слика на денот

Поштенски преградоци во историската пошта во Чико, Калифорнија.
Дали сте знаеле...


Ниските Земји од 1556 до 1648 г.
Ниските Земји од 1556 до 1648 г.


Што е Википедија?

Изданијата на Википедија се места каде многу различни доброволци работат заедно за да напишат енциклопедии на различни јазици. Овој проект претставува енциклопедија на македонски јазик и моментално има 165.228 енциклопедиски статии. Целата нејзина содржина е лесно достапна и слободна за употреба. Нашата мисија е да го собереме целото човеково знаење на македонски јазик — знаење кое е бесплатно, слободно и лесно пристапно за секого.

Сакате заедно да ја оствариме целта?
Најпрво, започнете со нашиот вовед!

Заедница
Селска чешма — главно место за разговор поврзан со Википедија. Селската чешма е место каде што можете да поставувате прашања, решавате проблеми, да помогнете на заедницата и заедно да ја развиваме енциклопедијата.
Портал на заедницата — збирно место поврзано со тематски проекти. Тука може да најдете тематски портали од различни области, каде може да придонесувате и да ја збогатувате Википедија.
Викисредби — можност за дружење, размена на идеи и предлози за развојот на Википедија - во живо!
Тековни настани — бидете во тек со развојните настани на Википедија. Следете го развојот на најголемата енциклопедија во светот!
Повеќејазичност — слободната енциклопедија е достапна и на голем број други јазици, освен македонскиот. Истражете ја и на друг јазик!
Братски проекти

Фондацијата Викимедија е непрофитна организација која, покрај Википедија, опфаќа и други проекти:

Ризница — складиште на мултимедијални содржини
Викиизвор — збирка на дела и книги
Викивести — вести од светот
Викиречник — повеќејазичен речник и лексикон
Викицитат — збирка на цитати
Викикниги — збирка на учебници и прирачници
Викивидови — именик на видови
Викиуниверзитет — збирка на материјали и активности за учење
Мета-вики — усогласување на проектот „Викимедија“
Википодатоци— база на слободни знаења
Википатување — туристички водич